Убавото младешко лице на Мацола, налик на маска, е глатко, недофатливо, загадочно; распоредот на површините таа слика ја прави речиси апстрактна.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Виртуалната слика ја апсорбира целата актуалност на ликот, во исто време кога актуалниот лик не е ништо друго туку виртуалност.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
А сакам да се уверам дали моето лице го фаќам, дали мојата слика ја пофаќам. И сѐ така, како на лага да се гледам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како и да е, но јас сликата ја преместив.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)