Церемонијата започна со вообичаеното читање на словото на законот за бракот и обврските што тој ги носи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Влегов и застанав пред ѓаволот, со негови очи да видам, да го исчитам словото на книгата. А и вие, бедни и благоутробни, ќе видите што видов.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Пировата победа на Арафат ќе го доведе според словото на мировниот договор во Осло, во својата малечка Палестина, во Рамалах.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во годините после влегувањето на странскиот инвеститор, условите за работа наместо да се подобруваат полека почнуваат да се влошуваат, а меѓусебно потпишаниот договор меѓу работниците и новите газди, во кој беа регулирани меѓусебните права и обврски, остана само мртво слово на хартија...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Државата, до ден денес, остана да биде втор најголем акционер – со 46% од акциите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
22. АКО СУМ ЗЕМАЛ, ТА НЕ СУМ ГО УКРАЛ - тоа да е словото на најхуман закон: си зел, значи, туѓо, онака, за украс, зошто да прашуваат од каде и како...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)