Таа гледа во него и почнува да го свири мането од неговата омилена солунска песна.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ми стана мило што наидов на овој напис. Не ми зборуваше за ништо посебно, иницијалите не можев да ги поврзам со некоја личност, но ме возбудуваше дека зад Маказар стои едно изминато време, некој слој кој скржаво ми се открива.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
За да се види секој слој на таа текстура, за да се знае секоја состојка на сите тие слоеви кои го сочинуваат човечкото суштество, требаше да се направи првиот чекор – да се отстранат илузиите, а најголема од сите илузии, сметаше тој, е религијата со нејзините догми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Веруваше дека само разумот може да ги урне илузиите, и своите претходници ги бараше во сите оние кои повеќе му верувале на разумот отколку на религиозните догми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во оваа ситуација, силно се распространува ситно-сопственичка (во марксистичката терминологија се користи изразот петит-буржоаска) свест помеѓу осиромашените слоеви кои спасот го гледаат во снаоѓањето на пазарот и во склад со горенаведената владеачка идеологија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Да летне во Жешов, да го посети гробот на реб Апфелблум, да се сретне со д-р Блумфелд, по можност да му објасни што тоа се случи, одново да разговара со Зимха Зајден и да се обиде да му одговори на неговите нови опрашања што впрочем и него самиот го мачат, да прошета низ Кертнер штрасе во Виена, да ги сретне своите угладени професори од рабинската семинарија и да им каже дека не е виновен за тоа што се случи со неговата паства, дека постапуваше како што тие го учеа, дека не ги лажеше во своите обраќања, туку се обидуваше да ги утеши и да ги спаси од предвременото очајување; потем да оди во Виена при виенското еврејство и високиот слој кој само почна да му се отвора, но на кој всушност никогаш не успеа да му припадне, а потоа да оди во Музикферајн, да влезе во позлатениот необарок на салата, да се намести удобно на седиштето и да слуша; да слуша возвишена музика, созвучја исткаени од занесот и дарбата на Шуберт, на Хајдн, на таа возвишена, на таа рафинирана музика со симфониска исполнетост, на која е воспитуван и на која сега сака сосем да ѝ се врати...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)