Во тој однос јас сум конзервативен и патетичен романтик кој верува во “божествената” мисија на уметноста и како таков се обидувам што е можно повеќе да ги неутрализирам идеолошките слоеви во моето дело, најпрво со хумор, цинизам, иронија, а понекогаш - зошто да не? - и со сарказам.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во тие последици, освен смртните случаи, спаѓаат и бројни здравствени проблеми (вклучувајќи го и огромниот пораст на ризик од сида и другите болести кои се пренесуваат по полов пат, како и оштетувањата на фетусот), потоа распаѓање на семејствата, негрижа за децата, губење на работата, а со тоа и на заработката и куќата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Секој курајбер во животот сајбер јак зад компјутер во живо шалабајзер згодни на слики со фотошоп слој во град да ги сретнеш грди ко ној Брат со брат лафат на чат на интернет сите животи арчат забораваат домаќинки и ручек да прават на трачарска мрежа ломотат, гњават
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Подеднакво е погубна и наркоманската деморализираност која ги спречува најсиромашните слоеви во Америка да се придвижат и да се потрудат да ги подобрат условите во кои живеат.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)