Мораше, по секоја цена, да понесе неколку правни и адвокатски прирачници кои му беа неопходни за неговата адвокатска служба која, ако го послужеше среќата, ќе си ја продолжеше и преку границата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Државна служба се органите на државната и локалната власт и другите државни органи, основани согласно со Уставот и закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Беше служба која ја наметнуваше својата професионална супериорност, пред прагматичните интереси на политиката, заснована често врз правото на поголемата нација.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Потоа, постепено, неговата неподносливост се насочи и кон посетителите и намерниците, особено кон посетителите, но не беа исклучок ни намерниците како поштарот и луѓето од комуналните служби кои доаѓаа да му ги испорачаат месечните сметки.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Вработените во државната служба кои вршат помошни и технички работи за државната служба немаат статус на државни службеници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)