Ако овој, во натамошниот следен рок од дополнителни осум дена по врачувањето на писменото барање од страна на работникот, не ги исполни своите обврски од работниот однос, односно не го отстрани кршењето на правото – работникот може, во рок од 15 дена, да бара судска заштита.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Дополнително беше утврдено дека доколку во случаите утврдени со колективен договор на ниво на гранка, односно оддел или на ниво на работодавач, работникот не го подобри своето работење во временскиот 40 рок утврден во предупредувањето дадено од работодавачот, ќе може да му биде откажан договорот за вработување поради лични причини на страна на работникот (чл. 16 од ЗИДЗРО/фев.13). 2.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во овој случај кратењето на дотогашните права е во две насоки: прво, порано рокот беше подолг и, наместо осум, изнесуваше 15 дена (чл. 144, ЗРО/03 – Пречистен текст); и, второ, беше избришана одредбата која на поднесеното барање му признаваше суспензивно дејство, односно пропишуваше дека поднесувањето на барањето го задржува извршувањето на одлуката – сè до донесувањето на конечна одлука кај работодавецот, освен во случаите утврдени со закон; б) втор инструмент се приговорите против одлуката за отказ, било да е со или без отказен рок; како и против одлуката за суспендирање т.е. оддалечување или времено отстранување од работното место (чл. 91 и 93, ЗРО/05); в) трет инструмент е тужбата за покренување на посебна граѓанска судска (парнична) постапка, со која се иницираат т.н. работни спорови (чл. 181, ЗРО/05); 28 и г) четвртиот инструмент, по ново, е спогодбата т.е. „компромис“ за доверување на настанатиот спор на посебен мировен совет, доколку станува збор за индивидуален спор или, пак, на арбитража – ако станува збор за колективен спор (чл. 182-183, ЗРО/05). 29 28. Со својата шеста одлука по повод ЗРО/ 05 (У. бр. 188/2006-0-0 од 4.IV.2007)
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во овој случај кратењето на дотогашните права е во две насоки: прво, порано рокот за поднесување на барањето беше подолг и, наместо осум, изнесуваше 15 дена (чл. 144, ЗРО ПТ/03); и, второ, веќе не постои изречната одредба која на поднесеното барање му признаваше суспензивно дејство, односно пропишуваше дека самото поднесување на барањето од страна на работникот го задржува извршувањето на одлуката – сѐ до донесувањето конечна одлука кај работодавачот, освен во случаите утврдени со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тие беа преимену- вани во „Начини за престанување на важноста на договорот за вработување“ и беа проширени на седум случаи: (1) со изминување на времето за коешто договорот бил склучен; (2) со смрт на работ- никот или на работодавачот-физичко лице; (3) поради престанување на работодавачот, согласно со закон – пр. стечај, ликвидација и сл.; (4) со спогодбено раскинување – по пат на писмена спогодба; (5) со врачување на писмен отказ, даден од страна на работодавачот – пора- ди лични причини, причини на вина или деловни причини (т.е. заради економски, организациони, технолошки, структурни или слични про- мени); или, пак, оставка дадена од страна на работникот; (6) со судска пресуда и (7) во други случаи утврдени со закон – како, на пример, трајно губење на работната способност; исполнување услови за доби- вање старосна пензија и др. (чл. 62, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)