Во сонот тој се беше сетил на последниот поглед на мајка си, и во неколкуте мига од будењето цел грст од мали случувања во врска со тој поглед му се вратија во сеќавањето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа надолго ми пишуваше за нив, за нивните љубови и симпатии, за сите случувања во градот...
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Се разбира дека тој покажа интерес за случувањата во Сан Диего, но тоа само го увери дека доживувањата на младите љубовници со ништо посебно не излегува надвор од дури и предвидливиот шаблон така што му беше доволен фактот Едо и Су продолжија заеднички да живеат како што почна во собичката на механичарската работилница на Али во Сан Диего, но сега во станот на Су во улицата „Кинг“, во центарот на Торонто.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Напоредно со случувањата во западна Европа и на тлото на Балканот и пошироко, освен промени на политичко поле, биле преземани и активности во ширењето на христијанството и писменоста меѓу Словените.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Покрај Томето и Тина се радуваше што ќе има такво убаво случување во Битола.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Им препорачуваше добри ресторани или крчми во Битола каде што можеа да ручаат, разменуваа идеи и мислења за тековните модни случувања во светот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
– Место да изнесеш прифатливи објаснувања за случувањата во месарницата; потоа за твоето пријателство со оној албанофоб Милошевски; за смртта на Самоников и посетите кај Зрновски кој континуирано врбува истомисленици за своите деструктивни дејствија, ти постојано инсисираш на некои чудни дури и неразумни доживувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во нашиве разговори умешно го забошотуваш и случајот со твојот братучед.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во меѓувреме, свесен за својата изманипулирана состојба во која се најде, С. С. продолжи да оди на работа и да се пријавува на неговото работно место – раководител, но паралелно со тоа, континуирано течеше и соработката со ССМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поучен од нив тој, веднаш, поточно ден-два по приемот на актот на Министерот, прати приговор до МО [бр. 03-820/1], а испрати и поднесок т.е. Барање до Државниот инспекторат за труд [бр. 07-5039/3] за да ја извести за новонастанатите случувања во Министерството и да побара вонреден инспекциски надзор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)