Потоа нешто крцна во слушалката и гласот се изгуби...Чудно...
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Не чекаше потврда. Ја спушти слушалката и побара: - Побарај ми го главниот интендант! - рече отсечно.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Утредента Сликарот ја крена слушалката и го повика во Сарајот Јусуф беј, неговиот пријател, професорот по Убави уметности од Истанбул.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тој ја крена главата, како човек предизвикан, и некое време ме гледаше испитувачки, потоа ја зеде слушалката и нешто зборуваше.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„По ѓаволите, па што ви е вам?“ „Простете!“ Ја закачи слушалката и потрча.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Го земам телефонот и го вртам бројот; на Ема. И, само што ја спуштам слушалката и само што замавнувам двапати со чешелот по косата, таа е веќе кај мене тука.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Во осумнаесетата година ја спушти слушалката и се исправи од клупа со матурантска диплома в џеб.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Мајка ми, сета расплакана, се стрча кон мене, а татко ми ја остави телефонската слушалка и смуртен, како најоблачниот ден на светот, се упати кон нас.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)