смеење (имн.) - му (зам.)

Гледам: устата му е празна па затоа и смеењето му е празно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некому смеењето му завршува со кашлање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ете, тоа беше причина да помислам дека светлината што го поттикнува смеењето му го мие лицето на животот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Логотетот се насмеа гласно, а тоа смеење му се зариваше на отец Стефан во срцето; жилата му скокаше на вратот и во еден миг помислив дека можеби ќе пукне и ќе почне да прска крв на сите страни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Марија се сеќаваше дека откако се разделија со Елена, тој ја праша: што значи тоа - „свршеник“? Таа со смеење му објасни.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)