Анализирајќи ја музичката структура на поезијата, Соломон Маркус во неговата „Математичка поетика“ коментира две во основа противставени теоретски стојалишта: едното е дека звучната убавина на стихот не може да делува независно од смислата која ја имаат зборовите во песната и дека звучната релевантност вон лексичките и граматичките морфеми всушност и не постои.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Сето постоење е можеби само загатка што ќе биде одгатната кога постоењето, такво какво што ни е познато нам, ќе биде завршено, и тогаш ќе ја добие потполната смисла.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таму каде што, низ безбројните пресеци, секој гест и секој збор, секој насмев и секоја солза, секој занес и секој очај, го имаат своето оправдание и смисла, смисла која нам сега ни е недофатна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)