А сега, по смртта негова, дојдов да ти кажам зошто дојде до караницата и зошто прекинав секоја врска со него.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Иако со мака се пробиваа низ снегот, иако денот беше мачен за погреб, не сакаа да го остават Богдана подолго време незакопан; а смртта негова им даде можност, како што беше обичај, да се соберат сите од селото (зашто одамна немаше погреб) да се видат, да поразговараат за работи што обично на погреб се разговараат, да попеат по некоја тажаленка и за умрениот и за своите мили што им умреле, да се ослободат малку од секојдневните работи и грижи, да си подречат нешто крај ковчегот од мртовецот: за минливоста и ништожноста на животот, за јалан дуња, за лакомијата што останала меѓу луѓето, да се мачат да двојат од уста за да создадат нешто, а од сето тоа на крајот останува само два метра земја и црви; да го испретурат животот на умрениот, неговите маки и радости, желби остварени и неостварени, добрините и лошините негови, среќите и несреќите што ги имал, и сè друго што му врвело преку главата; да поткаснат задушница, да запалат свеќа и на гробовите од своите умрени, да им ги избришат сликите на крстовите и да им ги бацат, да си ја освежат болката.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Значи, како што би рекол Сартр, „оној со кого додека си бил жив не си сакал да се поздравиш, по смртта негова го славиш како Господ“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Па и за по смртта негова, рекле.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)