Снагата му понајакна и сѐ позрело почна да размислува. И овојпат Крсте стигна до колибата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А потем падна и се урна снагата му цела врз оној грозен, крвав куп.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
На самата помисла на тоа, снагата му се вкочани.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Само што ќе ја видеше, на Богдана снагата му се затегаше, а кога ќе ѝ го чуеше гласот, намовнуваше, се накострешуваше и му идеше да ја фрли метлата и лопатата и да избега од Пансионот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Еднаш, кога разминувајќи се на скелето, пак се жулна, него пак возбуда го обзеде, пак му наудри жештина во главата, пак снагата му затрепери и ѝ рече: „Доста работиме, газдарице...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Каменот умира ранет во полето на троскотот по снагата му пеат лишаите и мовта.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
И да се стрчнел не ќе можел да ја стаса девојката.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Наеднаш престарен и наполно рассонет почувствувал дека во неговата утроба се кине нешто што било веќе подолго време клопче на болка и дека по сета снага му се разлева горчливост од која не ќе се ослободи долго време.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го погледнува во очите. Суви се. Само снагата му трепери.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Па му пливна крв червена низ зелена трава, спростре сја на чрна земја снага му бездушна.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Кожата на лицето и снагата му беше ишарана со пишанки, бенки, та Богуле често се слекуваше пред огледало да ги гледа, зашто (онака како што му беа групирани по градите) му личеа на соѕвездијата: бик, овен, голема и мала мечка, ралник, пирустија, стрелец и други соѕвездија што ги учеше во училиште.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И виде библиотекарот Филип Филиповски: лето е, 918 година, а по пустите падини на Источна Македонија ита во претсмртен час отец Лаврентиј, во искината мантија, кон Бело Езеро.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Доаѓаа лекари, му даваа инјекции од кои му доаѓаше сон на очи и целата снага му снеможуваше.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Го сонуваше отец Лаврентиј: еве го, сам на вечерна ги лови буквите во воздух, додека силен ветер ги позема и ги дува накај езерото, на сите страни на светот, околу големата вода.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)