Снагата ѝ се изви, стројна и вита, сред пожолтените гранки на ретките растенија во карпите и се скри зад ѕитчето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Ни студи, мамо, вели Капинка и ѝ играат јаболкцата. Сета снага ѝ игра.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Целата снага ѝ се наежави од некакви ситни зрнца што ѝ се растрчаа по кожата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Снагата ѝ се омрцлави, како да ја подувна лош ветер.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)