Излезе пред колибата, сѐ уште не осмелувајќи се да зачекори во снегот кој почнуваше на чекор од вратата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Една декемвриска ноќ, додека меланхолично уживаа во пивото „ Гардист“ и снегот кој пополека си паѓаше како на евтина новогодишна разгледница, дваесет години постариот Дејан му ги раскажа на Александар исцрпните биографии на повеќето колеги од секретаријатот. – Алек во животот никогаш не знаеш што ќе ти затреба...
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Една долга зима, напаѓа еден од најголемите снегови кој засекогаш остана запаметен во нашиот град.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)