Кога Филозофот го прашал слепиот од каде знае што е напишано на штичката, кога тоа што е напишано сочинето е со букви за него незнајни и неразбирливи, овој му одговорил: „И кога допирам запис од писмо непознато, јас знам какво собитие е запишано; така, кога ми ја даде штичката со твоите букви, јас видов дека за мене тие знаци се непознати; но сепак разбрав за какво собитие говори записот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој клекна, ми го зеде лицето меѓу своите дланки и рече: „За какво собитие говориш, дете мое?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Потем замоли да му се даде слово сочинето со тие букви, и рече дека утрината ќе го прочита на глас, пред сите нас, и дека ќе каже за какво собитие говори словото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)