совет (имн.) - ги (зам.)

Го оставија селаните, но само од директното учество, а советите ги прифатија и многу умно направија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А можеби и новите обувки ја завршија работата, оние кои по мој совет ги носеше в раце додека одеше по калдрмата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нејзините совети ги слушаа млади и стари.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Место сами аскерите да фаќаат и тепаат кокошки — им вареа и пржеа самите домаќини; место сами да колат овци, кози и говеда — коџабашијата нареди луѓе за таа работа, кладе казани на сретсело, одреди фурни за леб, а јузбашијата лично им делеше таим на аскерите, со кое овие беа доволни дури и предоволни, добивајќи два трипати повеќе јадење од она што го добиваа од царот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)