согласност (имн.) - и (сврз.)

До последниот ден не знаев дали ќе ми даде согласност и пари, како да се гледав веќе како работник во задругата Граничар и се разбира тој последен ден го преседов на таванот квасејќи си го лицето со солзи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Неговиот став бил во согласност со реалната ситуација на теренот и во согласност со ставот на КПЈ, а исто така и во согласност и со дејствувањето на Јосип Броз Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Настанатата ситуација со нападот на Кралството Југославија предизвикала реакција во Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мајка, во еден миг, сакаше да го запре патувањето, макар што беше дадена согласноста и подготовките беа при крај.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
МЕТОДИ: (Тоа го разбира како согласност и трга да излезе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Значи, ние не сакајќи да ги мешаме нашите интереси со бугарските ја даваме својата согласност и го озаконуваме постојниот ред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)