согледување (имн.) - и (сврз.)

Реалист по природа, по сите негови согледувања и анализи, Еванс можел сосема слободно да заклучи дека и покрај желбата за обединување на Македонците во една независна и самостојна Македонија, што и тој им го посакувал да го остварат како нивно право, Македонија како таква „не може да егзистира“ и дека е тоа „непожелно“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
(...) Согледувањата и резултатите нѐ наведоа - сигурно не само нас - на појасни разграничувања внатре антикласичните „константи“ на Европа; така, разликуваме пет „маниристички епохи“: Александрија (околу 350-150. пр. н. е.), времето на „сребрениот латинизам“ во Рим (околу 14-138. н. е.), потоа „докажаната“ маниристичка епоха од 1520. до 1650., па романтизмот (1800-1830.), и најпосле неодамна минатата но сѐ уште влијателната епоха 1880-1950.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Прагмата морала да не му даде простор на правото на Македонците за нивно обединување, пред сѐ затоа што на Еванс му биле познати ставовите на Грците спрема Македонците во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој спонтано учествува во заедничките начини на согледувањето и просудувањето на нештата, неговата личност на почетокот не се разликува од колективната личност од која му придоаѓаат основните поими и, едновремено, зборовите со кои ги изразува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)