Рака на срце, мене тогаш многу повеќе ме интересираа серијалите од типот на „Планетата на мајмуните“ и „Емануела“, така што воајерската страст на моите сограѓани да ѕирнат во приватниот живот на некои американски парајлии ми беше комплетно нејасна и будалеста.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Потоа настаните почнаа да се одвиваат како на грамофон со труба, на напуканата плоча ставена на погрешна брзина: предвоениот доктор заедно со својата животна придружничка реши пензионерските денови да ги заврши во родното место, кое сметаше дека најпосле заслужило славниот сограѓанин да ги остави своите коски на прадедовските гробишта штотуку здобиени со нова реформистичка управа; младата мајка се уштутка во одеднаш испразнетата куќа, со доенче во едната, а скрипти во другата рака, не знаејќи дали попрво да готви ручек или да пере пелени, па најпосле најми дадилка и се префли на фармација.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)