Солзите можат да бидат и немиот јазик на болката.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ни збор да ми дојде на уста, ни солза можам да измолам, да пуштам. „Животот е роса, велеше мајка, ќе светне и ќе загине.“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од нашите солзи може да им се направат големи вирови на децата, вели, и сиот век во вода да го починат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)