Во зениците се разигрува пламенчето и низ набабрените солзи го гледа замаглениот лик на Богородица.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога го виде, се расплака и низ солзи го прекори: - Каде скиташ, бре синко? Душа не остана во мене.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Стенкањето меѓу солзите го разбуди Томо. - Срцка! Што е со тебе? Зошто плачеш?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Дали не знаеш дека никој оттаму не се вратил, си редам, ама тивко да не ме чуе, редам, и со жешки солзи го утопувам лицето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од тука, од Трстеник, низ замаглината на стежнатата солза го гледам Телок, Стените и црквата Света Богородица.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не требаше тоа да му го кажам зашто силата што му ги задржува солзите го издаде.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Една огромна засушена солза го беше избледела последниот збор.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)