Имаше тогаш многу сомневања во неговата лојалност како довчерашен емигрант.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Секое јавно изкажано сомневање во неговата рбота, или секој обид на спротивставување, лично тој, Симиќ, го казнувал со биење или со клеветење кај беговите за божемно бунгување и поткраднување на нивните имоти.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Втората стихозбирка на Милчо Мисоски со наслов “Записки“ доаѓа по повеќе од две децении од објавувањето на првата (“Чекајќи го ангелот“, 1991), не за да побуди сомневања во цврстината на врската меѓу авторот и книжевноста, туку напротив, да сведочи за неговиот сериозен однос кон она што вообичаено се нарекува творечки растеж и зреење.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Беше тоа фотографија и немаше никакво сомневање во нејзиниот идентитет.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Всушност, Дишан својот став го поткрепува со следното: „да се доведе Декартовото сомневање многу подалеку отколку што тоа го стори картезијанизмот: сомневање во самиот себе, сомневање во сѐ. На прво рамнодушноста”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Уметничкото дело за него станува „прецизно сликарство“, оплеменето само со „убавината на рамнодушноста“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Или да дозволува да биде обземан од сомневање во се она што постојано му се случуваше.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Компјутерската обработка и преработка на фотографии и видеоснимки е веќе толку развиена, што не може да се утврди дали снимките биле ретуширани или не, а тоа буди сомневања во врска со автентичноста на доказните фотографии и објективноста на фоторепортажите.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тенденциозното пишување на германскиот печат и разните претпоставки таа ги прогласувала за вистина и изразувала сомневање во политиката на Русија, обвинувајќи ја руската дипломатија за дволичност.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Да не сме задоцнети со копањето, докторе? - со сомневање во гласот рече инженер Александар!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Согледувајќи го развојот на настаните во Југославија, на британскиот премиер Винстон Черчил, веднаш по Техеранската конференција, му станало сосема јасно дека НОВ и ПО на Југославија ќе бидат решавачкиот фактор во повоеното уредување на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На 27 декември 1944 Форин офис им испратил телеграми на амбасадорите на Велика Британија во Москва и во Вашингтон за да ги запознаат владите на двете големи сили со британскиот став во однос на македонското прашање и федерацијата меѓу Југославија и Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во почетокот на 1944 година немало сомневање во фактот дека НОВ и ПО на Југославија се главниот фактор во борбата против силите на Оската, дека ја имаат поддршката на народот и дека се единствените носители на борбата против окупаторот во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Вториот секретар на Министерството, Адис, на 8 март 1945 година, не криејќи го своето задоволство, ставил до знаење дека "Американците се во вистински договор со нас во сите точки и преземаат паралелна акција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Кер изразил сомневање во можноста да се добие искрен одговор од Советите, но бил категоричен тоа да се направи поради фактот што „општата ситуација во Македонија се влошила на таков начин што целосно е на штета на нашата позиција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Повеќе немало никакво сомневање во американската поддршка на британската политика во однос на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Не, не стануваше збор за некакво женирање. Или сомневање во желбата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Едноставно ми се чинеше дека беше доцна таа причина да ја спомнувам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мислам дека додека ги изнесував моиве дилеми ова треперење на нејзините усни го претставуваше тој прв знак на сомневање во постоењето на тоа време кон кое се беше упатила нејзината помисла.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Ами како ќе живее таа држава која е толку малечка и сиромашна? – прашуваше и загрижено мрдаше со глава, искажувајќи го на тој начин своето сомневање во нејзиниот опстанок.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Изгледа дека нема сомневање во тоа дека проблемите на проектирањето за кои дискутиравме се многу важни во овој посебен случај на проектирање објект за лечење и нега на ментално болните.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Секоја вечер го чекав будна. Не поради некои сомневања во врска со неговото лично поведение.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дури се откажав и да го спомнам моето сомневање во врска со нашата дораснатост да го земеме во свои раце изведувањето на фините работи што ни преостанале.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)