Ја совлада сомнежот дека се случило најстрашното.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Таа бурност и вџашеност се само симптоми на страв и сомнеж дека со сите тие национални опции е завршено, дека ги загубиле историското место и цел, без притоа да биде подготвен психолошкиот и општествениот терен за прифаќање на нешто друго, некое ново гледиште помалку склоно кон самоизмамување (потегнување на националната колективна карта таму каде што мислата затаила - како мислењето да ќе стане поквалитетно со тоа што е руско, англиско, српско, хрватско...).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Со инаетлива амбивалентност се обидувам да ги совладам сомнежите дека судбината не ги вмешала своите прсти во моите избори и одлуки и не би се случило она што се случи ако јас самата со целата присебност и свесност во моментите на рационалност го издлабував коритото по која тече реката на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Татко тврдеше, а Камилски тоа го потврдуваше, дека многу турцизми изворно не се турски зборови (што претпоставува само една фаза од развојот на турскиот јазик), туку влегле во балканските јазици и логично би било да се нарекуваат (јазични) османизми, додека терминот турцизми би се однесувал само на заемките од турскиот јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Првин се појави кај обајцата сомнежот дека терминот турцизми за заемките не беше идеален за употреба, но тие, сепак, по некоја туѓа инерција навикнале на неговата употреба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Немаше, всушност, ништо страшно да се види, освен неговиот сомнеж дека сум направила којзнае каков грев.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Кај неа се јави сомнеж дека можеби покајникот се покајал за својот покај.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се ежев од помислата на близината на ѕвероликите и од сознанието или сомнежот дека нивното седење и молчење има некаква цел.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сеќавањето на една слика, што ја видела во една ботаничка книга, како една змија маѓепсува верверица, ѝ го засили сомнежот дека тоа не е железна или глазирана порцеланска змија, туку вистинска змија што се обидува да ја употреби својата натприродна моќ врз неа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Немам сомнеж дека оние што ќе дојдат на сеанса од кај мене ќе заминат со мисла дека не им е погодено.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Стравот во кој живееше тој од премногу добрини што Бог им ги дарувал, дали тоа беше сомнеж дека не ги заслужил или страв дека ќе ги изгуби и со тоа не ќе може да се соочи, никој не знае.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Александар често го јадеше завидлив сомнеж дека Дарко одвреме – навреме спие со Ема.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Не можеше, со насмевка (сепак тажникава), а да не помисли (односно парафразира една од омилените мисли, онаа) на Вирџинија Вулф во „Бранови“: Го спуштив весникот на масата и помислив, нема сомнеж дека овој наш беден живот, овој наш неугледен живот, се облекува во блескот и ја добива полната смисла само под окото на љубовта.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ако има некаков сомнеж дека стрејт-културата и геј-културата, без разлика на сексуалноста на поединците што учествуваат во тие култури, различно ја сфаќаат логиката на жанрот, па затоа и различно реагираат на поставувањето ужасни или трагични ситуации – ако има каков било сомнеж околу нешто од ова, еден поглед на следниов пример ќе биде доволен да го разбие тој сомнеж.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Клониме од еден дизајн, кој никогаш, ама никогаш не би го имале дома – или не би го носеле, или не би го возеле – не само затоа што е грд туку и затоа што е, да речеме, сладок или китен-китен или фалбаџиски или мелодраматичен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со други зборови, би нѐ открил: би изразил, а со тоа и би обелоденил, нешто срамотно или неугледно или барем потенцијално дискредитирачко за нас, нешто непожелно или патетично или претенциозно или непривлечно, нешто штетно за нашиот идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Реагираме толку силно на овие кодирани значења што не може да има многу сомнеж дека навистина ги има таму или дека знаеме дека ги има, но – освен во неколку случаи, кои не се ниту очигледни ниту претерано одбивни – би биле на големи маки да ги кажеме какви се, да ги именуваме, точно да наведеме од што се состојат тие значења, што точно значат тие конкретни значења.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А дури и во тие очигледни или одбивни случаи, може да излезе потешко да се објасни логиката што ни е во основата на вкусовите одошто ние сме си мислеле.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но тогаш почна да созрева сомнежот дека науката бројните кодови само ги пројоцира нанадвор, значи дека станува равенка за природните закони, кои би требале да ја заменат самата природа.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)