сонце (имн.) - има (гл.)

Тогаш, напролет, тревата е најбогата со состојки, стоката по цел ден пасе, а и сонце има достатно па лепешките можат убаво да се исушат до наесен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со себе носам бури и насмевки Последен воз до светлиот yид спротивности кои немаат значење се случува да ја промашиш станицата тоа е дел од неоформеноста Верувам во лажни вистини сладок е крајот кога го нема и дозволувам да бидам шут добро е да имаш сопствена бездна Би создавал нашминкани прасиња а немоќта да ја криеш во џебот но тие се раѓаат такви секогаш е денот посветол од сонцето имаат стаклени очи, памучни уши држи во прегратка две птици и дрвени нозе. едната го носи гласот на стихот Сум градел и поинакви долини другата е само обична птица преплавени со отсечени јазици Два дена го сонувам патот пробиени ушни тапанчиња дел од него е покриен со сомот распукани черепи и истурени мозоци дел се губи во празнината Сето тоа го најдов наоколу своеглаво го напуштам празниот стол Во мојот, Во твојот, Во било чиј град на него останува мојата трага среде парковите без трева и земја мирис на изгубеност во етерот чуден е овој глас. среде згради и улици од бетон и асфалт. okno.mk | Margina #8-9 [1994]
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Одил, одил, одил и туку беше втасал кај сонцето една квечерина.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа чу тие зборои син му од царо, оти у сонцето имало девојче според него, си обул едни железни опинци и ја опраило кај сонцето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сѐ на светов има мајка, ни рече мајка Верна Јаковлеска, и сонцето има мајка.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Има ли мајка сонцето, прашаше некое брливо детенце, сакаше да знае дали сонцето има мајка.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Да ги избркаме маглите и облаците и чадот кренат од оџаците, и насекаде да биде речено: сонцето има да грее непречено.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А сонце имаше колку да сакаш, но и сонцето не објаснуваше ништо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но таблата не можеше да ја излаже: таму сè уште пишуваше Аванос.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)