И мравките, ене ги го изнесле својот одвишок од храна да го потсушат на благото сонце да не им се расипе од зимошната влага, а мрзливиот штурчо дебне отстрана да може да крадне некое и друго зрнце, оти прегладнел за овие три четири месеци лежење под снегот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Крупни црни очи како црни цреши, боја на лицето како течно злато, забите бели па насмевката се разлева, кога ја гледаш како сонцето да те грее.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Откако се беа доселиле во новиот стан, мајка ѝ на Зорица ги стави тие пердиња за да ги сочува новите тенки завеси од Сонцето, како и каучите и ќилимот. Сонцето да не ги обели.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
А ,жената без машка рака, не може ни од дожд, ни од сонце да се брани", велеше мајка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Работам, како сонцето да ми е постојано во близина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тешко е братко, Стојане, мило да немаш крај себе, сакам на книга да учам, в очи ми солнце да влезе, мракој ми душа затнале, ко лисја капат денови, в гора мени промени, одново лист ќе потера, а мојте братко, младини не ќе ги видам никога. – Дејгиди кучко погана, куќа ми, кучко, поцрне.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Вртејќи ги корењата кон езерото, врбите ја свртеле и сета своја снага кон него: и стеблото и гранките; се извиле над него, ги спуштиле крошните што поблиску до него, до неговиот шум и плисок што им дава живот; сѐ што чинеле, чинеле додека биле млади: ги спуштале гранките како самовилските коси во него, ги киснеле, ги препуштале на ветерот да ги вее, на сонцето да ги суши.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Му рече ли лош збор - полош ќе ти врати; црната: ниту сака да те сретне, ниту сака да разговара со тебе; пред очите му е темно; сѐ на светот му е виновно; мудри се, знаат многу, со очи, со поглед можат да дознаат сѐ: кој си, што си, колку тежиш и што сакаш да речеш; во разговор со нив секогаш чувствуваш: меѓу тебе и нив голема далечина; не се напрегаат сѐ да чујат и разберат; на проклетството и на болот му робуваат; лилавата (јоргованлијата); постојано си потпевнуваат во себе или гласно: и во одење, и во работа и во кревет; во устата, на ушето или во малото џепче од палтото носат цветче - за салтанет; на секоја веселба први запoчнуваат да пеат; што било вчера, што било денеска, што ќе биде утре - не ги интересира; кога смируваат скарани, не сакаат многу муабети; на скараните ќе им речат: ајде чукнете се со чашките, оти главата ќе ви ја чукнеме; те фалат, те гушкаат, но сето тоа го прават без мерка; последни од кафеаната се прибираат дома; сивата: многу пребираат, џимрии во јадење, во купување, во облекување; надвор ако врне - продолжуваат по цел ден да спијат; од добиток не држат ништо, или сосем малку; за сѐ, па дури и нешто на милост да речат - колнат; клетвите им се помошни зборови со кои полесно се изразуваат; повеќето се тенкоусти, палени на збор, на јазик; кога е студено - мајката на господа му ја караат, кога е жешко - исто така; на гости, по свадби, од иста чаша или сафа не пијат; дома на прагот од куќата те пречекуваат држејќи ја вратата недоотворена; очите секогаш им се готови да те погледат напоречки, да те мунѕосаат; портокаловата: лични луѓе, секој сака од нивната куќа невеста да земе; кога врват девојките и невестите низ селото - како сонце да врви, сè пука на нив од здравотија, од личнотија; коњ аздисан скротуваат, пукнуваат; таа убавина, таа здрава јатка во нив ги држи до триесеттата година; по неа - одеднаш како зрел плод се што не може многу да држи, свенува, се олошува, се распаѓа; од никого лош збор не се слуша; благи и кротки и во очите и во лицето и во зборот; старичките чисто-пречисто се носат, мирисаат на мискинсапун, на калофер, но не доживуваат длабока старост; прават куќи понастрана од другите, истакнати, видливи; добиците им врват низ посебен влез за во кералот, не низ дворот да им го балегат и гнасат; кога крштеваат дете, врват низ селото како кралска процесија, како крал да се крунисува; ако седиш со нив, имаат моќ да те маѓепсаат, да те стават под влијание, да те владеат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Дури е и поминато, требаше порано, пред сонце да излезам од кај тебе.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
- Нема толкава небиднина што да му попречи на Сонцето да изгрее!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Слобода е кога на улиците ќе се исфрлат и истресат сите сандаци од мемливите тавани, сите постели со влажен памук, кога ќе се истребат сите лебарки, подрумски стаорци и маларични комарци, кога сите куќи ќе се бојадисаат во бело, сите прозорци ќе се отворат, сите алишта ќе се извријат и исперат во изворска вода и ќе се остават на пролетно сонце да се сушат.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Са пуле ки са стоплиме мауце! Ејми и ред беше сонцето да си а покаже муцката! Ки гу забрават виа дичијнта!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Никој веќе не го спомнуваше Сентерлевиот рид, како снег да паднал на него, како сонцето да умрело.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
а).
На пример:
„Сонцето ја камшикува свеста“
Пред „Сонцето да ја камшикува свеста“
Сонцето и Човекот
пред името - материјата!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
А немаш човек да те види, од некаде сонце да те угрее...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И кучињата се како луѓето, па и тие сакааат да прашаат: што им стана на луѓево, пред олкаво сонце да палат оган? А и кој не ќе се праша.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)