Татко ми вели дека ќе оди во спалната малку да дремне, а брат ми повторно ги обува патиките, се разбира без одврзување, туку ги нагазува, токму така како што татко ми да го види веднаш би му свикал, и оди надвор: - Само да знам – довикува од вратата – ќе правиш денес колач или воопшто да не се надевам?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)