Дури сега Едо селанецот бавно, како да се напнал под претежок товар, почна да ја крева главата; се сврте кон авторот, го изгледа како одвај сега да го забележува и со прилична спокојност рече: „Јас немам што да мислам“, рече и пак ја ведна главата и го закопа погледот пред себеси.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)