Споменот ја има способноста дури и на најсветлата улица, измиена до коска од бистрата сончевина, да му понуди на споменот дамнешни простории и во нив мали осветлени витрини по кои погледот шета и ги пребира необичните скапоцени предмети.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Постариот внук му се обраќа со плачни очи: - Изворите на нашите фантастични претстави за младоста избиваат токму во оној стадиум на животот кога годините ги разурнуваат развиените форми на апстракција и посредно расудување, Дедо, (во меѓувреме дедото мора да седне, зошто помалото внуче му ја отсечува едната нога до коленото), наивно е да веруваш дека твоите спомени ја чуваат младоста неизменета.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
За спомен ја сликаме далнината и околните планини покриени со густа букова шума која пленува со своето зеленило.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Разбуричка по старите работи и пронајде пепелав фустан, скоро како нов, што го носеше пред да биде расипана од агрономот во гаковските угари. Споменот ја допре како студен здив.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)