Ова, пак, неминовно, во праксата, доведуваше и доведува до латентни незадоволства, но и отворени судири кои, во Рим, беа санкционирани преку институтот Аrbitrium boni viri – „предлозите на чесните луѓе“. 9 Па оттука, со полно право, претходникот на денешните спорови произлезени од работните односи – како посебен вид судска, граѓанска и парнична постапка, го наоѓаме во римските тужби од групата Аctiones bonae fidei наречени: Actio locati – кога тужител е работникот, а тужен работодавачот; и спротивната Actio conducti – кога тужител е работодавачот, а тужен е работникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На второто рочиште повторно немаше застапник на „Охис“, па судот реши главната расправа да се одржи во негово отсуство (in absentes).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
2 Подоцна, во декември 2009, судечкиот судија- поединец (А.Шеху Асани)3 донесе исправна пресуда во корист на 176 Х.Џ – што значи дека спорот пред првостепениот суд траеше сѐ на сѐ шест месеци, односно беше испочитуван полугодишниот законски максимален рок на траење на постапката кај споровите произлезени од работните односи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)