Преостаната работна способност постои кога осигуреникот, кај кого е утврдено намалување на работната способност, може да работи најмалку со половина од полното работно време на работното место на кое работел пред настанувањето на инвалидноста или може да работи полно работно време на друго работно место – со или без преквалификација или доквалификација (поранешен чл. 42, ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. Намалена работна способност постои кога осигуреникот, со нормален работен напор што не ја загрозува неговата здравствена состојба – повеќе не може, со полно работно време, да работи на работното место според кое се оценува инвалидноста (поранешен чл. 41, ЗПИО кој тогаш беше во сила).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во случаите кога на донесувањето на решението му претходи утврдување на фактичка состојба, Фондот е должен да донесе решение најдоцна во рок од 45 дена од денот на поднесувањето на барањето (чл. 140, ст.1-2 од ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)