„Секој си ја тера својата работа како што знае,” рече Андон намигнувајќи ѝ на Лилица, додека Авни и Азра влегуваа во комбето за да стигнат навреме во бараката на синдикалната подружница во населбата Расадник каде Ема Ендековска имаше закажано средба посветена на ажурирањето на списокот на активистите во борбата за легализација на проституцијата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Голем празник за нашата куќа требаше да биде и последната средба од работата на Татко и Климент Камилски за конечното составување на листата на стоте (без)опасни османизми во балканските јазици, посебно на последната средба посветена на заемките од областа на гастрономијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беше договорено до пладне Татко и Камилски да работат врз источните заемки во областа на гастрономијата, а потоа да продолжат со заедничкиот ручек со сопругите, подготвен според заемките на најчестите и највкусните јадења, кои со векови ги обележуваа балканските кујни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)