среќа (имн.) - ѝ (зам.)

На нејзината исполнетост и потполна среќа ѝ недостасуваше само уште еден „лотосов цвет“. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На мојата среќа ѝ немаше крај.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На нејзината среќа ѝ немаше крај.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Елена ја прегрна, честитајќи ѝ од срце. Откако се разделија, на Елена не ѝ се веруваше каква среќа ѝ донесол животот на таа нејзина другарка!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Паметам колку се израдувавме и колкава среќа ѝ го озари лицето на тетка ми Боса.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Исто така паметам оти тој ден ручавме под лозницата во дворот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислев дека на среќата ѝ нема крај и замислував колку почесни докторски титули го чекаат во иднина.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А на малата Ервехе, според него, среќата ѝ беше пред порти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)