Или тие служат само за украс, колку да ги нервираат умрените кошарџии, бојаџии и комарџии – живо сведоштво за тоа дека сепак имало минато без сегашност и дека ќе има сегашност без иднина.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Затоа што само моето срце знае кого го сака и само мојата душа знае што треба да бидам.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сите што поминале низ портата над која пишува дека Сиена ви го отвора своето големо срце знаат, сите без исклучок знаат, дека да одиш од град во град низ Тоскана е како да облекуваш различни костуми од еден ист кројач.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Умот, мајче, и под ложник гледа, а срцето знае!“
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)