Тој многу лесно се движел, и во обете насоки, долж континуумите помеѓу стадото и независноста, присноста и индивидуалноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За разлика од Ниче, кој бил толку опседнат со својата независност што секогаш ја истакнувал жестоко и мегало манијачки наспроти општественото стадо кое го сметал за глупо и пасивно, Бојс својата независност ја пронајде во симбиотското спојување со публиката а не во спротивставување на истата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бојс имал намера овој принцип да го примени „не само на уметничките форми, туку и на општествените, правните или економските форми па дури и на земјоделските... или образовните проблеми“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ќе си ги умножев стадата и ќе си имавме за една добра живеачка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Неколку ноќи ги демнела стадата и бегала пред пци, извици и блескави гламни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Еве јас, да одев против власта, зарем ќе го имав овој имот што го имам, зарем ќе имав толку стада и сѐ бели, а?
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Претчувствувала - тој гладувал по месо, а овците на аргачите ги чувале огнови и пци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)