Кога ќе им здодее камената тишина, врвовите ги начучулуваат ушите и ги наслушуваат во долината брзаците на Урубамба - баш кога една снегулка од Андите се топи во сеќавањата на една избраздена бабичка која на железничката станица продава шарени плетени капи и ракавици.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)