Ми стана јасно дека, со мојата ноќешна забрзаност, по откривањето, во печатницата, на присвојувањето на Татковите сиџили, јас го бев завел овој сега вознемирен старец кој си имаше, дотогаш, своја логика и свој ритам во животот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Есенската слана беше ја оседела неговата „брада" и тој изгледаше како достоинствен старец кој се приготвува подолго да се одмори.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тап удар на земјата врз кивурот. Тој симна капа, кротко поттурна старец кој стои пред него, се наведна, насобра шепа земја и ја фрли во гробот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Замислата на прославениот француски автор била интелектуалната авантура на двајцата добродушни старци кои по изминатиот работен век како препишувачи, во векот на подемот на науката, како тотални автодидакти, решаваат да им се спротивстават на науките во времето на нивниот неоспорен подем во Европа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Да го оставиме овој проблем на страна. ]е го допреме - за да имаме и друг агол - инсистирањето на темата на хермафродитизмот кај обајцата и, на пример, блиската иконографска релација која се чини го поврзува Leonardoвиот цртеж со перо на кој е претставен машки акт со четири раце и две глави, (11) хермафродит составен од еден младич и еден старец кои ги симболизираат Задоволството и Болката, и сликата насловена како Момче и девојка на пролет, која исто така е посветена на темата на хермафродитизмот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
- Добар деееен! - ме пресече вибрато на 90-годишен старец кој пред врата се беше изложил на срамежливо сонце и кому му се чинеше неизмерно здодевно. Не знам дали одговорив.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Се движеше полека, како старец кој е пред крајот од својот живот иако имаше педесет и некоја.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
„Геџелер ѓебедер!“
„Море, аир да не видите“, промрмка со исита закана и старецот кој беше најблиску до нив и кој го слушна ова.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тоа ќе бидат убави денови, исполнети со работа, скитање по околните ридишта и кории и смирување во долгите зимски вечери, покрај огништето полно со жар, покрај саканиот старец кој ќе има можност да се изназборува за сите долги, премолчани месеци во планинската осаменост.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кирил стана. Фрли поглед кон старецот кој го догоруваше своето луле.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Не го ни забележа испиениот старец кој се протегна преку оградата на гардеробата за да го дофати нејзиниот чадор.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во ходникот една девојка земаше пари од подгрбавен старец кој, по малку засрамен, набрзина излезе од куќата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Девојката гледаше во мене и во Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Другото камче удира во ногата на старецот кој се обидува на другите да им каже нешто потсвирнувајќи како врапче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Навистина не сум во состојба да сфатам - реков - каков непријатен проблем открива или може да создаде појавата на една девојка в бело во претсобјето на еден старец кој веќе го фатил патот на заминувањето.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)