стариот (имн.) - не (чест.)

Сепак стариот не сметаше дека е спогодбата заклучена дури не им изнесе на своите квартиранти некои строги прописи од домашниот ред и свои предупредувања од кои најважното беше дека тој нејќе ни да чуе за нив, и подобро веднаш да си одат, само ако имаат некоја сколободија со власта, било таму од кај што дошле, било овде, кај што се сега.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Една недела таа ги пушти да стапат првпат во нивната соба, што стариот не би го дозволил лесно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Девојката пак залипа, но стариот не мислеше да се смили, ами некаков бес го тераше да премине веднаш кон дејство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Готово беше со дисциплината. Клинците правеа што сакаа... Стариот не се осмелуваше веќе ништо да им рече...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)