Се поарчив Се источив Сѐ ( и себе) Во ништо Преточив. горев. говорев До сега Горев И Говорев Отсега Веднам душа Сал да Слуша. по стеблото По стеблото Времето се качува. Стеблото разгранува.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Како кутнато стебло по надолнина однегде се дотркалал еден од племето на Проказниците, некој недоучен тревар Пандил Димулев, син на свој дедо, ако можело да се верува, зашто кога тој се раѓал, татко му не бил в село повеќе од две години; го кренал од земја скршениот дел на вилата, во недоумение да се прекрсти ли пред чинот за кој се определил или да го стори она што го смислил па потоа да побара прошка за својата душа. Бревтал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во грлото му зажуберкал плач, не многу поинаков од поранешното смеење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)