Но Дејв го заплашуваа и го правеа несреќен стиховите кои на Ренди очигледно му беа толку блиски - нивниот дух, празен и темен како ноќ, кон кој Ренди вибрираше со толкава наклоност.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Никогаш нема да разбере никој, какво е тоа чудо што слухот за човечност за миг го умира, релативна е само глупоста на мигот и стихот кој таа сага за неповрат ја опишува.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Во долниот дел од фотографијата, во две колони, со нејзин ракопис, беа испишани стихови кои зборуваа за човек кој од својата педесетгодишнина го гледа во себе детето како се искачува по ридот, торбето назад, усните издадени напред, брза кон високата прозрачност од каде што се гледа светот, големите кули и градови, се искачува упорно и постојано, за да го дофати и да го осознае она што сѐ уште му е скриено, далечно и тајно.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Формата на моето битие го дефинира просторот и времето во кое постојам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Се присетувам на стихови кои ги напишав многу одамна: Лавиринти, изгубени судбини...
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Пустини, заборавени соништа...
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И покрај обидите за иронија, дури и цинизам кон рутинското секојдневие, ова се стихови кои не само што го коментираат, туку на некој чуден начин и го сакаат она од што е тоа сткаено - мирисите, звуците, другите луѓе и оние неколку залаци блискост кои можеме да ги проголтаме заедно со нив.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Прелистувајќи ги книгите уморни од вечното трагање по тие суштински прашања, а не добиваме ништо друго освен банални одговори, медитацијата ме потсетува на стихови кои оставија траг врз полноста на моето постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)