А човекот со хармониката, спечен и со удови на инсект, се виткаше и пиеше вино со затворени очи додека еден младинец му ја држеше стомната на уста, куц, тој со години подвижноста ја пренесувал во колковите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
По тоа Антица ги остава стомните на огништето. Жените го разгледуваат чеизот).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
АРСО, ТЕОДОС, И СТОЈАНКА СТОЈАНКА: (Доаѓа со стомна на бунар. Поздравува срамежливо, но убаво.) Добро утро.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
И кога невестата, по обичајот, тргна со стомните на чешмата на средсело да наполни вода, жена му на Китан фучеше со кошулата одејќи пред невестата, ја мавташе по сокаците за да ја видат сите селани и викаше: - Гледате ли... Гледате ли... Како јагне да е заклано...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
ТЕОДОС: Хм, хм... (Ја свртува главата на другата страна.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)