Овој пат девојките и момчињата не истрчаа надвор. Стравот го совладаа...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со смртен страв го кренаа гавазите пашата, ги збоднаа коњите, колку што можеа побрзо, ја напуштија Преспа, подгонети од мислата дека пашата го достигнало проклетството на неговите претци затоа што тој се дрзнал да посегне по скапоцениот прстен...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Само еднаш без страв го земав клучот, отклучив и влегов преку прагот во непознатиот свет и ја откчлучив тајната, невидливото беше видливо, болката се претвори во радост, меланхолијата се претвори во надеж, таму се раѓа животот, универзумот уште еднаш ме прегрна, краток миг кој се претвора во вечност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Зборот „некогаш“ е надеж дека пак ќе ја сретнеме загубената љубов, со истиот жар што сите го носиме, пламенот на љубовта кој секогаш во нас гори во симбиозата на вечната опачина на болката.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Стравот го оставив во Бејрут, во пепелот на она што беше мој дом.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Луѓето минуваат крај него, го загледуваат, од страв го сожалуваат и велат: - Завалијата!
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Танаил, пак, некој друг страв го имаше зафатено: секоја вечер пред да легне, слегуваше долу во дворот, вртеше околу куќата и проверуваше - имаше чувство дека нешто е запалено, дека нешто гори.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Такви мисли, такви прашања му се роеја низ главата, а некаков непознат страв, некакво зрнце од страв го боцкаше некаде во длабочината на душата и полека се зголемуваше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Не знам дали од страв го направи тоа или од нешто друго.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Првиот качачки страв го претрпеа жените во куќарката на везачките; таа куќарка се наоѓа крај езерото и во неа се собираат многу девојки и жени од селото за да везат и да се подучуваат една со сруга; везат по цел ден, си тераат шеги, се смеат, пеат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Од моментот кога Хелвиг ја донесе дома со бебето од болница, со страв го очекуваше доаѓањето на неговите баба и дедо.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Лежев со затворени очи и со страв го наслушнував крцкањето на зглобот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сликата од сонот ѝ се враќа и со страв го измолкнува писмото од пазувата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Се доближил до него и со страв го прашал: - Што си ти?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Во конкретниов случај тој страв го нашол својот израз во, како што и самиот збор вели, стравопочитта спрема институцијата професор, како инстанца на авторитет, кон која студентите се однесуваат исто онолку недискутабилно како што, како општествени субјекти, се однесуваат и кон другите општествени и политички институции.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Стрико ми Ото многу знаеше: немаше област за која не беше добро поткован: социологија, литература, музика, архитектура, за сѐ: и навистина: знаеше сѐ и сешто.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се разбира, за кум го одбрале пред да му тргне колата прудолу, а јас, јас по нивна желба сум му кум на едно мало дете кое сега, откако ме сметаат за црна овца, со страв го држат што подалеку од мене.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Арно ама, без оглед каде и за што се водеше разговор, кога ќе наближеше крајот, кога неизбежно ќе дојдеше часот за збогување, обично во претсобјето, низ полузатворената врата, тој уште еднаш ќе го провреше своето бледо лице со живи црни очи и на главата на семејството, која прашањето со страв го чекаше, ќе ѝ речеше, небаре се работи за нешто сосем споредно: „Туку, можеш ли да ми...?“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Само за кратко време, беше неговата омилена парола.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се впуштија во потрага по столицата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Погледнуваа под кревети и под клупи, кој знае зашто ја помрднаа органата, ги прашуваа стариците кои со страв го погледнуваа Паша Емиљевич, но столчето не се пронајде.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
И јас со страв го извадив ножот од појасот на војводата. Му го подадов.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Некој страв го фаќа од пукањето и само се крсти за да стане гуштерица.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)