страв (имн.) - кој (зам.)

Како што полека се смируваше, звуците што ѝ допираа до ушите не престануваа и сега нејзината тага се престори во страв кој почна да ѝ ја лади крвта во вените.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Јас му верував на Рајнер дека ќе се врати, но стравував дека очајот може да го фрли во непостоење од кое не ќе може да го исполни ветувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И тогаш стравот се колне во мене и проколнува, стравот кој се беше изгубил во ехото на далгите кои испливуваа пред нас.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Долгата линија на надежта при исчекувањето ја испресекуваше стравот кој ме будеше секое утро, стравот кој не спиеше и ме мачеше и во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нивната нарушена безбедност предизвикува страв кој пак, го доведува до душевна слабост.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Убавото лице на Еразмо попушти пред болката, пред стравот кој силно го чувствуваше.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како може да се сфати чувството на голем страв кој во лицето со нарушени и помешани односи на времето и просторот може да се јави на врвот од скалата?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)