Така треба да се постапи и кога со поднесокот се поднесуваат прилози.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Медијацијата е економична, ефикасна и брза постапка до која страните имаат лесен пристап (чл. 8, ЗМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3. Медијација е начин на решавање на спорови во кој страните спорниот однос настојуваат да го решат на мирен начин со помош 51 на еден или повеќе медијатори, кои на страните им помагаат да пос тигнат заедничко прифатливо решение; медијатор е физичко лице кое ја спроведува постапката за медијација согласно со начелата за медијација; постапка за медијација е посебен вид на постапка која по својот карактер е доброволна, ефикасна, брза и евтина страна во постапка за медијација е физичко или правно лице кое учествува во медијацијата и чија согласност е потребна за решавање на спорот и Комора на медијатори е организација на медијаторите која ја унапредува медијацијата и го организира работењето на медијаторите (чл. 2, ЗМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Врховниот суд, по ова барање одлучува во совет од тројца судии на нејавна седница, но по исклучок судот може да одлучи да ги сослуша подносителот на барањето и претставникот на судот чија постапка е предмет на поднесеното барање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Против решението на советот на Врховниот суд незадоволната страна има право – во рок од осум дена, сметано од денот на приемот на решението, да поднесе жалба до Врховниот суд, кој одлучува по истата. (чл. 35-а, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако на спротивната страна има повеќе лица кои имаат заеднички законски застапник или полномошник, за сите тие лица поднесоците и прилозите можат да се предаваат во еден примерок (чл. 99, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ходниците на црквата, долги и огромни, беа претворени во шеталишта а на сите страни имаше олтари.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тоа од своја страна имало посебен одраз врз движењето на бугарскиот окупаторски апарат и на окупаториските воени и полициски единици во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Сите тие обиди завршиле со неуспех, а од друга страна имале огромно воено-политичко значење за понатамошниот развој на НОД.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Плевната од својата источна страна имаше просторен трем, со стреа, каде што понекогаш, кога врнеше, се прибираше добитокот, каде што понекогаш во врнежливите денови се вршеа некои работи: се прибираше компирот, се сечеа дрва, се сушеше навлажнето сено, се приготвуваше зимница, која потоа во поголем дел се пренесуваше в село.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На тоа место морав многу јасно визуелно да покажам дека метафората не функционира, па на таа страна има многу реалистичен глодар во преден план, што покажува дека останатите глодари можеби не се глодари.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Уште една позитивна промена е тоа што сега страните имаат можност да покренат постапка за мирно решавање на индивидуален спор и кога не е исплатена плата (чл. 2 од ЗИДЗМРРС/14), како поповолно решение од претходното кое нормираше дека ваквиот спор може да се поведе само при неисплата на најниска плата, а се допрецизираше и потребата од заедничка согласност на страните во спорот за решавање на индивидуален спор пред арбитер (чл. 28 од ЗИДЗМРРС/14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Сосема на другата страна имаше стар бунар на кој висеше ведро за вода.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Од кон прозорецот е дворот, од левата страна има некаква церја.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Пред малку само трчавме еден кон друг: и од едната страна има наши луѓе и од другата страна има наши луѓе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од другата страна имаше неколку црвени тапацирани столици.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Кога бевме во Манастирци, нашата прва чета, нѐ однесоа преку Црна Река со кајче.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Од таа страна имавме задача да ги напаѓаме Германците.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Од едната негова страна имаше плитка длабнатина, во која сега седеше Винстон и која, кога биле градени становите, веројатно била предвидена за полица за книги.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Околу целата зграда имаше ограда, а од задната страна имаше нешто што наликуваше на статуа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Гаро се вдава кога ќе ме види дека тргнувам кон него и бидејќи од десната страна има мал подѕидок, тој од левата ми скокнува на бокот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Шетаат низ урнатините и водичот им покажува и објаснува: „Ова е главниот плоштад - Форум, ова се киповите на Јупитер, Јунона и Минерва; овдека се остатоците од храмот на Аполо, овде пазарот, градските бањи, а ваму крај брегот на рекава, театрите и големиот амфитеатар на кој присуствувале и по дваесет и пет илјади гледачи за да ги гледаат борбите на гладијаторите; на оваа страна имало убави куќи и вили меѓу кои се истакнувала вилата на Цицерон; по должината на оваа улица биле крчмите во кои се пиело и веселело...“
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Просторијата е полупразна. На другана страна има некои луѓе што таа никогаш не ги видела.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во левиот ќош мала печка а на другата страна има дрвено креветче. Струја нема. Светиме со ламба.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
На северната страна имаше само едно мало прозорче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Горе, на таванот и од страните има малечки дупченца.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Чудеса пресвјатија Богородици 23 Во Италијска страна имало богат човек, име тому Агапиј.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
„Рекоа дека дивите свињи сосема исчезнале, а останатите лисици, зајаци, верверички, откај јужната страна имало и срни, и еребици.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
А од левата страна имаше истакнато грди фотоси исечени од весници и списанија - превртени контејнери, расфрлен смет , околу кучиња и мачки бездомници, диви депонии, запустени дворови.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Едниот беше тркалест и со дупка во средината, сосема обичен, ама другиот беше најчудниот камен што сум го видел: И тој беше долгнавест и тркалезен, ама предната страна имаше лик на човек, тркалезен ама со очите над веѓите.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Даскалот Петре, преку целиот ѕид над огништето и до половината на ѕидовите од страните имаше ставено штици што сочинуваа една полица.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Долж ходникот од левата страна имаше прилично стрмна скала што водеше кон горниот кат, а од левата беше просторната, долгнавеста дневна соба со широка двокрилна, секогаш ширум отворена врата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Освен површините со пиперки и домати, имаше други со бланучки опојно миризливи и благи, а кога тие завршуваа се појавуваа јаболкца петровки што го немаа вкусот на бланучките, додека ѕарѕалините онака убаво пожолтени и со темни дамки од сончевата страна имаа уште поубав вкус и од бланучките, па сѐ до црешите, праските, грозјето.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
На та страна има адна гулема вода, уд вам удира адна рекичка.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Од надворешната страна има нацртано шарена птица, феникс, а од внатрешната е огледало. Има место и за ставање пудра.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Брат ми ѝ објасни дека пудриерата ја купил во некоја старинарница, а мајка ми обожава стари предмети, колку постари- толку повеќе ѝ се допаѓаат, а од ова огледалце просто не може да се одвои. Го носи со себе каде и да оди.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ене, онаа, крајната соба беше наша детска, до неа е дневната, на другата страна има друг балкон, помал од овој што сега го гледаме, и таму е собата на мајка ми и татко ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- А, на баба ти Менка и дедо ти Марко?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)