стратегија (имн.) - и (сврз.)

Време, нарација и рабовите на модерните нации, Homi K. Bhabha ги разоткрива наративните стратегии и тропи низ кои она „едно” се конституира од „мноштвото”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Од овие маргинални активности на уметничките родови може да се изроди една нова теорија на уметноста која би иницирала нов уметнички холизам кој би можел да се нарече - ТОТАЛНА УМЕТНОСТ, и кој би му овозможил на уметникот една нова креативна стратегија и пракса.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Армијата е нација во нацијата: таа е порок на нашето време !, запрев на една мисла на Вињи, кога високиот офицер со босанско, муслиманско презиме на иќ задоволно го завршуваше предавањето, покажувајќи ја моќта на нашата одбранбена стратегија и немоќта на западниот империјализам да нѐ загрози преку Јадранското Море!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Очигледно, поведението на системот зависи од софистицираноста на стратегиите и на механизмот на промената.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Колку ли пати во животот му се препуштав на најризичниот пат кој сигурно излегуваше од стратегијата и орбитата на татковиот балкански егзил: како да се заобиколи затворот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)