Во долот, ретко обрастен во скаменетоста со диви грмушки и безимени треви на кои недалеку лежи убиен нераседлан белец, како да е со нив и трета присутност - смртта, која со стрпливост чека да им ги испише имињата, едното муслиманско, другото рисјанско, обете балкански, врз пегамент на заборав. Молчат.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)