Истите оние кои до вчера укочени во најдлабок патос на национално саможртвување го посматраа сеопштото струполување во пропаст, не правејќи ништо тоа да се спречи, денес, од најдлабокото дно на провалијата пишуваат инфантилни писменца до водачите на светските сили пресметувајќи се со нив како со мочковци од соседството.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Сакам да кажам: „Призраците што оттаму излегуваат, со крв не ги храневме ние”. (Лакан, според Фројд) Сакам да кажам: болно клокоткање, „внатрешно крварење на меланхолијата”, струполување во себе*; и така можат да се разберат зборовите на принцезата кон самурајот.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)