Потоа, во еден петок, скоро во ист миг умрел тешко ранетиот Метуш Батковец и се родил неговиот прв и последен син да ја продолжи лозата со името на таткото, а по закопот, го подгониле на суд Цене Папчев со незараснатата рана на слабината, додека Чучук-Андреј неколку дни пред тоа пошол накуцувајќи и со пушка и кубура по трагите на Онисифоровата ајдутска дружина, да ѝ се придружи негде, да се одмаздува и да ѝ се колне на својата судбина дека не ќе се смири додека не зацрни толку анами колку што имало вдовици во Кукулино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се помирив некако со судбината дека ќе живеам во библиската земја што е колевка на културата, престолнина на многу кралеви и мајка на словенската писменост.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Како да го признаваше конечниот пораз, соочен со судбината дека нема враќање од егзил.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Жените ја пожалиле и ѝ се вратиле на својата болка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И кој да поверува во судбината дека токму, кај еден букинист, во најобична ламаринена кутија, преполна со разгледници, со фотографии, со реликвии од отоманското време, крај стари фермани и калиграфски записи, ќе ги откријам неколкуте фотографии-портрети на Татковиот вујко Фетхи-беј Окијар?
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)