судбина (имн.) - ќе (чест.)

Ако им влезете во трагата на тие записи, верувајте дека многу судбини ќе се разјаснат, ќе се откријат семејни тајни, браќа, во разни вери, ќе се смиратмногу страсти.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Бродовите на судбината ќе отпловат по морињата на невремото за да се изгубат во заборавот на минатото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нејзината судбина ќе биде инаква од судбината на Невена: додека онаа чека со спремната невестинска руба, Кијмет смело ќе ја прифати ниезвесноста, и сите ќе бидат среќни поради тоа, сосе Исус и Богородица кои, со блага насмевка, ќе ја благословат рожбата на Кијмет, на сличен начин на кој Господ ќе го благослови отфрленото срце на Среќниот принц.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Изгледа знаат дека ако се мирни и си ја вршат поставената задача, еден ден можеби судбината ќе и се насмее и ќе заиграат во центарот, то ест ќе станат централни личности во животната заедница.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Деновиве нешто слично се случува и со Петре Прличко. Се мислам дека таква судбина ќе ги стигне и веќе починатите: Џувалековски, Илија Милчин, Вукан Диневски итн.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тургењев, за судбината ќе каже дека е создадена од секого и дека секој е создаден од неа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Јас никогаш не претпоставував дека судбината ќе ме постави во положба на таков трагизам.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Кога судбината ќе се обиде да ти го скрши вратот, тресни ја по муцка, со тврд глас рекол Пандил Димулев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Погледни го пријателон, покажал со очи Онисифор Проказник кон постариот тревар. - Поцрнува. Или се лажам, а?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што клетва и што судбина ќе беше тоа - не знам.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога судбината ќе ја затвориш во војничка матарка место да ја оставиш во познатата древна волшебна ламба или во глинениот сад скриен во таен дел на домот, зар нема да го очекуваш она што мене ми се случи? - се прашуваше Раде Ич откако заседна во Кралска круна, на штипското Корзо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)