На таванот висеа уште две главици кромид и неколку чешни лук, а на врвката се прозираше уште еден тенок ремен сланина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На таванот виси ланско грозје, дуња и низалка смокви.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од таванот висеше лустер во вид на црковен свеќник, повеќе декоративен одошто функционален, освен ако не ти паднеше на глава.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)