Се обидувам да ги воскреснам крвавите детали од минатото и сегашноста, болни приказни, моменти на тага кои се обидуваме да ги закопаме длабоко во душата, мрачни секвенци од прашумата која го опкружува нашиот живот, нејасни фигури, а кои другите луѓе попрво би ги игнорирале.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Внатрешната светлина, како светлина во длабочината на душата, како запалена свеќа која никогаш не догорува, како да си ја имаше прекриено, со тивката тага која прикриено зрачеше од нејзините очи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа, длабоко во себе, веруваше дека нејзината болест беше причина за молчаливоста на Даниел, за тагата која одвреме навреме ѝ го крадеше спокојството и предизвикуваше душата длабоко да ѝ се стегне.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)